Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека денеска има уште три нови позитивни случаи на корона вирус, а меѓу нив е и бабата на заразеното девојче. Исто така, потврди дека пациентката која беше ставена на респиратор е во критична состојба.
„Ќе се потрудиме да ги искористиме двете лабораториии. Вкупно се тестирани 40 граѓани, од кои три се позитивни и сега вкупната бројка е 70 заразени. Една пациентка патувала во Србија, бабата на девојчето од Штип и еден пациент од Скопје. Сите се во релативно стабилна состојба. Пациентката што беше на респиратор од Дебар синоќа влезе во критична состојба – истакна Филипче.
Тој додаде дека Македонија располага со 120 респиратори.
„На бројка од 1.000 би требало да има 50 пациенти на респираторни машини. Кина во текот на денешниот ден потврди дека ќе ни помогне со 200 респиратори. Во однос на тестирањата, вкупно се направени 888 тестирања и располагаме со допoлнителни 1400 и донација од 1.000 тестови и 300 во било кое време во болницата на Жан Митрев – додаде Филипче.