1.2K
Ќе се воведе кризна состојба на дел од територијата каде што има најмногу заболени од корона вирус, а тоа се Дебар и Центар Жупа.
Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче кој уште еднаш апелираше – да се почитуваат препораките.
„Не можеме да бидеме сигурни со каква динамика ќе се шири вирусот. Овие мерки се сериозни и ова не е шала. Значи кога велиме нема собири-нема собири. Ова мора да се почитува. Не може вака неодговорно да се однесуваат луѓето“, истакна Филипче.
Тој исто информираше дека еден државјанин од Германија е изолиран, затоа што имал висока температура, а изолирани се и дел од луѓето кои седеле околу него.