Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, напиша министерот за здравство, Венко Филипче кој вечерва се упати во тетовската болница каде избувна пожар.
Според информациите што ги лиферуваше Филипче на Твитер, пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. -Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации, соопшти Филипче.
Тој вечерва се упати во тетовската болница и апелираше на смиреност. Пожарот избувна околу 21 часот во модуларната тетовска болница каде се лекуваат ковид позитивни пациенти.