Филипче: Од понеделник пунктови за тестирање Ковид-19 во поликлиниките во Чаир и „Јане Сандански“

by Fokus

Бројот на инфицирани лица секојдневно е во пораст. Од денеска е во функција и Кол центарот во Здравствениот дом,  а од понеделник во поликлиниките „ Јане Сандански“ и во Чаир ќе бидат отворени пунктови за земање брисеви за корона вирус, објасни денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-До 12 часот имаме 85 болни, во шест градови, Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид. Едната пациентка е во непроменета состојба, три се со потешка форма на пневмонија, а другите со полесна клиничка слика. Пациентите пуштени во домашни услови се стабилни и во комуникација со лекарите. Стабилна е состојбата  и во Дебар. Дополнително таму испративме епидемиолог и педијатар, рече Филипче.

Тој појасни дека направена е координација со матичните лекари кои ќе закажуваат и мој термин, а ако има индикација за тестирање за вирусот ќе бидат испратени на понатамошни тестирања.

 

Поврзани новости