Филипче: Од наредна недела болницата „8 Септември“ ќе се врати во редовна функција

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за Телма најави дека од следната недела ГОБ „8 Септември“ ќе се врати во редовна функција.

-Ние планираме веќе од следната недела да почне и распоредување на пациентите од ГОБ ‘8 Септември’ на Инфективната клиника, имајќи предвид дека таму има сосема доволно слободни кревети и на самата клиника, а целосно е празна и модуларната болница. Со тоа, ГОБ ‘8 Септември’ ќе се врати во редовна функција, пред сè во делот на ортопедијата. Добро се менаџира и со бројот на пациенти во инфективните одделенија низ државата, во клиничките и општите болници, секојдневно имаме утринска координација со директорите, во таа смисла сметам дека ситуацијата е апсолутно стабилна и под контрола, рече Филипче.

Поврзани новости