Филипче: Немало набавки во четири очи

by Fokus

Немало набавки во четири очи, туку се реализирале набавки без распишување оглас, бидејќи времето за да се стигне до потребната опрема и материјали за справување со ковид-19 било кратко, вели министерот за здравство, Венко Филипче, коментирајќи ги наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија, кој утврди дека на десет јавни набавки во земјава поврзани со ковид-19, дури девет биле спроведени со директно преговорање наместо со објавување јавен оглас.

„Ги прочитав вчера насловите во медиумите и тоа е процес којшто се одвиваше изминативе, мислам, повеќе од три месеци. Пред месец – месец и пол имавме официјална презентација и тоа не се набавки во четири очи. Тоа се набавки во коишто нема оглас заради тоа што е кратко времето да се стигне до потребната опрема или материјали. Сите документи се јавно објавени на сајтовите на Министерството, сме праќале понуди на повеќе од 100 компании коишто може да дадат таква понуда и се избирале тие коишто имале најниска цена. Не постои друг механизам нешто да се набави за ултракратко време, а да ве потсетам дека тогаш стануваше збор за заштитни маски, лична заштитна опрема за здравствените работници, коишто тогаш беа потребни и истиот ден, да не речам ултрабрзо и ултраитно и нема друга законска можност“, изјави Филипче.

Поврзани новости