Филипче: Не се препорачува децата да се вакцинираат против Ковид-19

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција, истакна дека засега не се препорачува најмалите, односно децата, да се вакцинираат против Ковид-19.

-Засега не се препорачува вакцинирање на децата, како и на оние кои го прележале корона вирусот, а кои имаат антитела, нема да треба да се вакцинираат. Но сепак можно е да има и нови ставови и препораки, кои ќе ги следиме, истакна Филипче.

Тој појасни дека првите вакцини, односно 833.000 дози ги очекува да пристигнат во март.

Поврзани новости