780
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва преку својот Фејсбук профил го осуди нападот врз лекарот кој се случи на Клиниката за токсикологија и ги повика институциите да го санкционираат.
-Денеска физички беше нападнат колега, лекар на Клиниката за токсикологија. Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат, напиша Филипче.