Приведен родителот кој нападна доктор на Токсикологија

by fokus

Родителот кој вечерва нападна дежурен лекар на Клиниката за токсикологија е пронајден  и приведен, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР за вечерашниот инцидент. Станува збор за триесет и двегодишниот С.И. кој вечерва со своето малолетно дете бил на Токсикологија.

Откако лекарот го препратил на педијатрија, тој го нападнал лекарот кој со повреди заврши на Ургентниот центар.
Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегоа на местото на настанот. Преземени се мерки и активности, лицето е пронајдено и лишено од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат за Фокус од МВР.

Лекарот имал повреди во вид на ресекотини на главата и површен хематом, по што е пуштен на домашно лекување.

Поврзани новости