Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека ваква изјава за еден лекар, раководител на таква институција е целосно непримерна. Додаде дека Арбен Зибери воопшто не е член на Комисијата за заштита од заразни болести.
Филипче рече дека ќе се консултира со правни лица и ако постои можност уште денеска Зибери ќе биде сменет на местото директор на Центарот за јавно здравје. Министерот смета дека неговата изјава е политичка и несреќна.
Инаку, Зибери на Фејсбук напиша дека укинувањето на протоколите препорачани од Светската здравствена организација односно приложување на негативен тест и 14-дневната изолација е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.
Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, напиша Зибери на Фејсбук.