Филипче најави дека АстраЗенека нема да се дава на лица под 60 години

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ 21 најави дека вакцината на АстраЗенека нема да се дава на граѓаните под 60-годишна возраст, откако денес таква одлука донесе Германија.

Тоа значи дека имунизацијата на македонските граѓани утре ќе започне со заинтересираните граѓани над 60 години, но, како што рече Филипче, и така планот бил да се започне со постарите лица.

Истовремено, тој најави дека ќе испратат писмо до Европската агенција за лекови од која ќе бидат побарани дополнителни информации за процесот на имунизација со оваа вакцина.

Поврзани новости