Филипче: Набавуваме сензори за мерење дијабетес кај деца

by fokus 10:48
10:48

Министерството за здравство обезбеди средства за набавка на сензори за мерење на дијабет кај деца, истакна министерот за здравство Венко Филипче во синоќешното гостување во емисија на МРТВ.

-После долги години барање на родителите чии деца имаат дијабет ги набавуваме сензорите за мерење на дијабет. Тоа значи дека на една категорија деца до одреден број на години кои замислете некогаш и во текот на ноќта треба да се разбудат за да им се измери гликемија сега ќе имаат сензори што се монтираат на раката и родителите точно ќе знаат колкаво е нивото на степенот на гликемија. Со тоа целосно го заокружуваме процесот на модернизација во овој дел на лекувањето на пациентите, вклучително и децата со дијабет. Иновативна терапија што нуди квалитетен живот, врвна контрола на гликемијата, заштита на кардиоваскуларниот систем и посебно ми е драго што оваа година обезбедивме средства да се обезбедат и овие сензори коишто ќе ги имаат верувам во следните месеци, рече Филипче.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Министерот посочи дека во земјава од почетокот на ковид кризата побарувачката на инсулин била зголемена за 20 отсто, но сега има доволно инсулин, и тоа оваа терапија е иста како во најсовремените земји во светот.

-Благодарение на иновативната инсулинска терапија, тоа се инсулини кои сега наместо боцкање кај еден дел од пациентите може да се земе таблета, понатаму инсулин кој наместо неколку пати во денот се боцка само еднаш и тоа во било кој дел од денот и не мора да се води сметка кога се јаде, дали пред јадење па колку се јаде, дали после јадење итн. Значи најсовремени молекули што ја контролираат гликемијата, понатаму молекули инсулини што го штитат срцето и крвните садови заради несаканиот ефект на шеќерот, заради шеќерната болест и тоа е сето еден процес на модернизација што го започнавме уште пред две години, сега го продолжуваме освен тие три лека, сега ќе има два дополнителни. Значи пет нови молекули на инсулин сега за следните две години што значајно го зголемува квалитетот на живот на пациентите кои имаат дијабет, рече Филипче.

Поврзани новости