655
Министерот Венко Филипче објави дека се набавени 55 респираторни машини.
-Обезбедени се 55 респираторни машини од кои 25 од страна на Канцеларија за услуги на проекти на ОН (УНОПС), преку средствата обезбедени од Норвешка и 30 преку УНДП од добавувач од Кина, за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со корона вирусот, напиша министерот на фејсбук.
Тој вчера на прес-конференција истакна дека во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на корона вирусот.