Европол: Нагло зголемен криминалот во време на пандемијата

by fokus 10:59
10:59

Стапките на криминал се зголемени за време на пандемијата на новиот корона вирус, а криминалците и банди брзо се организираат, предупреди денеска Европол.

Инспекторите откриле зголемување на компјутерскиот криминал, измами, кражби и фалсификување, соопшти европската полициска организација.

- Advertisements -

Во извештајот се вели дека од избувнувањето на епидемијата на корона вирусот, значително се зголемила продажбата на фалсификувана заштитна опрема – маски, средства за дезинфекција и лекови. Европол исто така предупреди и за компјутерски криминал, особено затоа што многумина сега работат од дома, со што нивните податоци и мрежи се помалку безбедни.

Европол исто така очекува брзо зголемување на измамите.

Поврзани новости