Филипче: На кој начин и со кои документи Бојан Христовски е избран за асистент на Факултетот за безбедност?

by Fokus

И во ВМРО-ДПМНЕ самите се свесни дека незаконски поставиле директор на Агенцијата за национална безбедност, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска ги коментираше вчерашните случување на Комисијата за надзор на работата на АНБ.

„Вчерашната седница на Комисијата има две битни димензии, првата работа е дека очигледно ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека незаконски поставиле директор на АНБ и затоа така и се однесуваа вчера, односно ако немаа што да скријат, Комисијата можеше редовно да си заседава и директорот да одговори на сите прашања. Политизација на безбедносните структури е нешто што го имаше и во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“ , изјави Филипче.

Тој се осврна и на академската кариера на Бојан Христовски.

„Очекуваме ОЈО да го расчисти овој случај и истовремено поставуваме прашање: Во која постапка и на кој начин, со кои документи Бојан Христовски е избран за асистент на Факултетот за безбедност?“

Поврзани новости