746
Можеме апсолутно сите пациенти во целокупниот период кој е пред нас да ги изменаџираме со третман во јавно здравстените установи, имаме конкретен план не само за скопските инфективни одделенија, туку и за сите болнички инфективни одделенија во државата, порача министерот за здравство Венко Филипче.
-Приватните болници уште на почетокот на кризата можат да хоспитализираат заболени од Ковид-19 само доколку за време на лекувањето на пациенти кои редовно ги лекуваат им се констатира присуство на коронавирусот и тоа во одделенија за интензивна нега. Тоа беше тогаш дозволено за да може да се менаџира – рече Филипче.