Арсовски: Зошто Димова ги крие ранг-листите за проекти преку Еразмус плус програмата?

by Фокус

Навршува скоро една недела откако излезе скандалот со сомнеж за злоупотреба на пари во Националната агенција со која раководи Лидија Димова, а се уште нема никаков потег и чекор од страна институциите, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Лидија Димова се уште оди на работа и не дава оставка, се уште зема огромна плата, се уште се вози во две луксузни возила купени на лизинг од близу 100.000 евра и се уште постои простор да влезе и во друга афера и друг скандал од ваков тип – рече Арсовски.

Притоа, тој додаде дека 6 дена се кријат ранг-листите на сите рангирани конкуренти за проекти кои што аплицирале преку Еразмус + програмата.

-Зошто Лидија Димова не ги објавува ранг листите на проектите да видиме кој правен субјект со својот проект со колку бодови ги добиле парите? – праша Арсовски.

Поврзани новости