Штотуку ме информираа дека мојот резултат на тестирањето за Kовид 19 е негативен, објави предмалку на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
„Иако според проценката на епидемиолозите јас не бев во ризик, сепак одлучив да останам во самоизолација. Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена. Сите мои активности и управувањето со кризата со коронавирусот во земјата и во изминатата недела се одвиваат непречено. Редовно одржувам онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и владата. Така ќе биде и во наредната недела“, напиша Филипче.
Тој денеска истакна дека по укинувањето на рестриктивните мерки, животот нема да биде каков што бил, туку, како што посочи, ќе има поинаков начин на организирање на животните процеси.