688
Во посета на новата монтажна болница во близина на скопската Инфективна клиника денеска беа министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и првиот човек во здравството Венко Филипче.
„Сметавме дека ова место е најдобро за да биде сместена мобилната болница затоа што е во близина на Инфективната клиника. Искрено се надеваме дека нема да има потреба да ја користиме болницата – истакна Филипче.