Мицкоски до Спасовски: Или свесно не сакате да ги преземете мерките или не се разбирате во економија

by Fokus

За жал, кусогледоста на економскиот тим на владата, дополнет со Спасовски и Зоран Заев попречува да се види шансата која стои преку искористување на средствата од пензискиот фонд, а кој за македонската економија ќе значат дополнителни 200 милиони евра, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ставот на техничкиот премиер дека владата не може да посегне по парите од Вториот столб.

„Но, тоа не е случај со естонскиот премиер и влада, кој ја презема истата мерка којашто и ја предлагав на владата пред една недела, а тоа е да се искористат парите од вториот пензиски фонд без да се доведат во било каков ризик средствата на осигурениците. Оваа мерка не беше добра за Заев и Спасовски, но е одлична за естонскиот премиер. Или свесно не сакаат да ги преземат мерките кои се добри затоа што е во прашање суетата, или не се разбираат во економија. Но, што и да е од двеве причини, едно е јасно дека сето ова се удира врз грбот на македонските граѓани. Истата мерка според Асошијетед прес ќе ја имплементираат и други европски држави – вели во реакцијата Мицкоски.

Поврзани новости