1K
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска порача дека имало дополнителни 9.000 пријавени лица над 70 години за вакцинација. Како што порача тој, тоа автоматски ќе значи дека младите ќе мора дополнително да причекаат за имунизација.
„Денеска добиваме уште 40 илјади вакцини од АстраЗенека, а радува тоа што имаме дополнителни пријави за вакцинација на граѓани над 70 години. Тие се ризичната група и мора да ги вакцинираме што поскоро, а младите што се пријавени, ќе мора да причекаат“, истакна Филипче.