Филипче: Мицкоски, повторно зборуваш за името, па што не го враќаш?

by irena 14:00
14:00

„Мицкоски денеска повторно зборува за името. Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор, а нас нè нарекуваше предавници. Па зошто не го враќаш името, БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот пат“ пишува лидерот на СДСМ, Венко Филипче на социјалната мрежа X.

Му порачува на премиерот Мицкоски:

„Лажеше тогаш. Лажеш и сега. Толку е со лажниот патриотизам со бугарски пасоши. Доаѓа времето на вистината“.

Слични вести