Филипче: Луѓе кои биле на литијата во Струга имаат белодробен наод кој одговара на Ковид-19

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во отвореното студио на ТВ 24 истакна дека државата навремено реагирала на почетокот на епидемијата на корона вирусот.

-Новите заболени потекнуваат од непочитување на мерките. Многу  е важна високата свест и да се делува превентивно, зошто станува збор за сериозна и тешка болест. Многумина стануваат свесни откако ќе заболи некој од семејството. Мора да се носат маски и да се почитува дистанца. Мерките даваат ефект кога се почитуваат и кога институциите детектираат неправилности и мора да ги санкционираат. Сведоци сме дека има групирање и неносење на маски и тука институциите мора да  реагираат.“ – рече Филипче.

Филипче додаде дека кластерите се познати и во главно тоа се заразени од групни собирања и дека има луѓе кои во Струга одат на преглед со белодробен наоди. Потенцираше дека секој град каде не се почитуваат мерки, може да стане жариште.

-Од оддлението во Струга не известуваат дека има лица кои доаѓаат со белодробен наод кој одговара на Ковид – 19 и тоа се луѓе кои присуствувале на литијата. Ќе видиме дали е така. На таков настан каде не се одржува физичко растојание, не се носат маски може да се очекува дека вирусот се шири, вели Филипче.

 

Поврзани новости