Филипче: Имаме по десетина заболени од едно семејство кои се заразиле на семејни вечери

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека од новите заболени има и по 10 лица од исто семејство, кои се заразиле на вечери и семејни настани.

-Имаме по десетина заболени од едно семејство, од семејни настани. Вечера, настан, собир кога некој кој не е свесен дека е носител и несвесен дека треба да се изолира, луѓето се групираат и болеста се шири. Во изминатиов период се докажа дека само строги рестриктивни мерки даваат резулати, за жал, вели Филипче.

Поврзани новости