Филипче кога ќе се врати од службен пат ќе разговара со Блажевски да го убеди да ја задржи функцијата

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за „Фокус“ потврди дека имало некој проблем во министерството, но истакна дека кога ќе се врати од службен пат ќе разговара со неговиот шеф на кабинет Дејан Блажевски и ќе се потруди да го задржи на работното место.

„Јас не би сакал да си отиде. Веднаш штом се вратам од службен пат, ќе седнам и ќе поразговарам со него да се средат работите – истакна Филипче.

Нашите извори тврдат дека Блажевски веќе поднел оставка, но и тој за „Фокус“ истакна дека првин ќе разговара со министерот.

Според нашите информации, на местото на Блажевски се очекува да дојде Бојана Атанасова, која е магистер по јавно здравје.

И.М.

Поврзани новости