Грујевски и Бошковски нема да бидат екстрадирани поради амнестијата на Иванов

by fokus 14:26
14:26

Поради амнестијата која ја донесе претседателот Ѓорге Иванов пред две години, Врховниот суд во Грција денеска одлучи да не бидат екстрадирани обвинетите во предметот на СЈО за масовното прислушување, Горан Грујевки и Никола Бошковски. Судот се произнесе дека еднаш донесена одлука за амнестија не може да биде повлечена.

Адвокатот Петар Василев за ТВ24 изјавил дека тие најверојатно во понеделник ќе излезат од екстрдиционен притвор на слобода. По излегувањето од притвор стануваат слободни граѓани во Грција, но немаат право да го напуштат нашиот јужен сосед.

- Advertisements -

Во април 2016 година Иванов донесе одлука да потпише аболиција за сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој издржува затворска казна. Со актот за општа амнестија беа опфатени 56 политичари и јавни функционери, меѓу кои и Грујевски и Бошкоски.

Поврзани новости