673
Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното онлајн гостување на телевизија Телма рече дека при носењето на уредбата за задолжително носење маски ги имаат предвид сите аспекти, вклучително и тоа дали сите можат да набават маски.
-Во тек е проценка колку маски се на располагање во државата. Секако олеснителна околност е што тоа не мора да биде маска, туку може да биде марама, шал, односно прекривка со што практично се спречува трансмисијата на вирусот.
За загрозените категории граѓани ќе обезбедиме маски. Мислам дека оваа уредба нема да биде проблем, со оглед на тоа што голем дел од граѓаните и сега без оваа уредба, самоволно носат маски, вели Филипче.