345
Пратеничката од СДСМ Мери Лазарова е во стабилна состојба, по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Демир Капија-Удово. Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ја посети Лазарова на Клиниката за неврохирургија, вели дека била донесена вчера околу 20 часот со повреди на главата.
„Има лесна повреда на главата и е во стабилна состојба. Немаше потреба од никаква хируршка интервенција, и нема други повреди. Ќе ја задржиме уште неколку дена на опсервација – вели д-р Филипче, кој и самиот е неврохирург.
Со пратеничката, во автомобилот бил и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, но тој поминал со полесни повреди бил префрлен во болницата во Кавадарци.