На тетката и залепил шамар, мајката ја влечел за коса, синот се онесвестил, кичевчанец ги решавал проблемите на неговиот внук

by fokus

Кичевчанец со иницијали Б.Љ. синоќа направил драма во куќата во сопственост на Љ.Љ. од село Жубрино, Кичевско. Кичевчанецот дошол во куќата и започнал расправија со синот на домаќинката, поради недоразбирање кое малолетникот го имал со неговиот внук.

Како што велат од полицијата, во расправијата се приклучила мајката и нејзината сестра. При тоа Б.Љ. и залепил шамар на сестрата, а мајката ја влечел за коса. Откако ја пуштил, Љ.Љ. почнала да фрла со камења по него, а тој извадил и вперил пиштол кон неа.

Во тој момент, синот на Љ.Љ. се исплашил и паднал во безсознание, по што со возило бил однесен во Медицински центар Кичево, каде му била укажана лекарска помош.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости