398
Двајцата војници кои се повредиле во тетовската касарна додека чистеле оружје, се хоспитализирани на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар, каде денеска ги посети министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека и двајцата се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.
-И двајцата се со склопетарни повреди, прострелни повреди на левата натколеница. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови. Засега не се забележува некој сериозен дефицит во движењето на ногата кај двајцата пациенти – изјави Филипче по посетата.
Едниот војник е на 28-годишна возраст, а другиот има 37 години.