921
Наместо утре, како што претходно најави министерот за здравство, Венко Филипче, пријавените на вакцинација.мк заклучно со април ќе треба да почекаат до понеделник за да бидат известени за термин.
Министерот пред неколку дена најави дека околу 160.000 граѓани кои се пријавиле на сајтот, а кои се уште не се вакцинирани некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација без разлика на возраста.
Според него, на пунктовите се вакцинираат млади лица бидејќи во некои општини веќе биле вакцинирани сите повозрасни граѓани. Сега донеле одлука младите, под 40 години да почекаат и приоритет ќе им се даде на лицата над 70 години.