Филипче: Ги одбив понудите за работа во САД, Швајцарија, Германија само да останам тука

by Fokus

Неврохирургот д-р Венко Филипче, носител на ИЕ 4 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија во гостувањето на Неформално на Сител Подкаст, говори за можностите кои му ги нуделе светските неврохируршки центри, но сепак одбрал да работи на Клиниката во Скопје. Филипче се враќа во политиката со главен мотив на младите да им се обезбедат можности за напредок и иднина како во напредните европски држави, вели дека тоа  е единствениот начин и идните лекари специјалисти својата иднина да ја гледаат дома.

„Јас останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка. За време на престојот во Швајцарија, добив понуда да работам. Бев на неколку турнуси по една недела во Германија. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Јас се вратив тука затоа што сакам да придонесам нашето општество да оди напред. Останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка“-вели Филипче.

Поврзани новости