Филипче: Епидемијата го достигна пикот пред една седмица!

by Fokus

Бројките на заболени од корона вирусот се стабилизирани и истиот почнува благо да опаѓа, смета министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој уште еднаш апелираше на почитување на мерките и препораките со цел да се нормализира состојбата во нашата држава.

„Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани. Според анализите на ИЈЗ, највисок процент на позитивни од тестирани (41,2%) е регистриран на 17 ноември кога сме регистрирале и најголем број на нови случаи (1407), потоа бројот на нови случаи благо опаѓа.

Бројот на нови позитивни случаи три недели во континуитет е прилично еднаков, нешто што го нотира и СЗО, а тое е дека бројот на нови случаи успорува. Практично, сме на ниво на едно плато, што е доказ дека Р0 факторот е значајно намален и сега изнесува 1.

Просекот на хоспитализирани во изминатите 2 недели е околу 1280 пациенти, а процентот на хоспитализирани од активни изнесува 6.7 и овој процент е речиси константен, но притисокот врз болниците и медицинските работници е се уште голем.

Апелирам на почитување на мерките, како единствен начин во моментов целосно да ја стабилизираме состојбата“, рече Филипче.

 

Поврзани новости