591
Една третина од починатите од корона вирус предоцна дошле во болница и смртен исход имаат меѓу првиот и петтиот ден по приемот, рече министерот за здравство Венко Филипче на Канал 5.
-Има и пациенти кои потпишале дека не сакат да се лекуваат во болница, па после доаѓаат во крајните стадиуми на болеста и тука за жал не може повеќе да се постигне. Третина од починатите лица доаѓаат доцна во болницата. Одговорно кажувам дека за секој пациент е апсолутно сè направено, од анализи, до терапија и сè друго – рече Филипче.