Филипче: Докторите се под огромен притисок

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалните мрежи уште еднаш повика на почитување на мерките за заштита од корона вирусот.

Како што истакна тој, со придржување кон препораките од надлежните, ќе им се помогне во работата на здравствените работници.

„Докторите порачуваат дека се под огромен притисок, но тие не се откажуваат! Продолжуваат неуморно да се грижат за пациентите. Тие се нашите херои и потребна им е нашата поддршка и почит преку почитување на мерките“, напиша Филипче.

 

Поврзани новости