Сообраќајната полиција во Скопје вчера санкционирала 354 возачи

by Fokus 11:05
11:05

На територијата на Град Скопје, вчера во акциска контрола на сообраќајната полиција изречени се казни на 354 возачи, меѓу кои за управување на нерегистрирани возила, користење на мобилен телефон, непрописно паркирање.

Како што соопшти МВР, од казнетите, 43 санкции се за за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мерки за недавање на првенство на минување, 23 казни за користење на мобилен телефон, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 46 возила се подигнати од „пајак“ службата.

Полицијата изрекла и 30 санкции за неносење на заштитна маска.

Поврзани новости