Филипче: До овој момент нема терапија специфична за лекување на Ковид-19

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција истакна дека заразените пациенти од корона вирусот, најпрвин треба да се обратат кај своите матични лекари.

-Во однос на матичните лекари, нешто за што во последниот период имаше многу прашања во однос на начин на третман на пациентите. Функционира истиот систем којшто функционира со години наназад, а тоа е дека прва инстанца на којашто се јавуваат е матичниот лекар којшто прави проценка на здравствената состојба. Индицира одредени анализи и врз основа на состојбата препишува терапија, истакна Филипче.

Тој појасни и дека до овој момент, во светот, нема прецизна терапија за лекување на вирусот.

-До овој момент нема терапија специфична за ковид-19 вирусот никаде во светот. Нема ниту еден лек којшто е потврден да биде специфичен којшто е за оваа болест. И Фавипиравирот за којшто исто така стигнаа многу прашања е се уште лек за којшто се водат бројни студии, близу 30 студии во светот. И Ремдесивирот е неспецифичен за оваа болест, но со одредени докази дека влијае на скратување на периодот на хоспитализација, а не на преживувањето. И во смисла на тоа целокупната терапија се препишува и за тоа матичните лекари имаат насоки согласно состојбата, клиничката слика, прегледите, а доколку се укаже и се индицира потреба пациентите се упатуваат во болниците“, информираше Филипче.

Тој додаде и додаде дека има доволна количина на заштитна опрема, близу милион ипол парчиња.

„Ние денеска ја започнуваме постапката за набавка на брзи тестови со дел од буџетот којшто со ребалансот стигна во министерството. Во меѓувреме, 20 илјади тестови стигнаа како донација, 13 илјади се веќе поделени и се користат во многу здравствени установи во нашата земја, уште 6 има во резерва и има план да се дистрибуираат следната недела“, појасни Филипче.

Поврзани новости