Филипче: Денешната бројка на заразени е околу 300, но утре ќе имаме појасна слика дали имаме тренд на намалување

by fokus

За време на викендот се бележи намалување на бројот на новопримени пациенти во сите болнички установи во Скопје и ширум државата споредено со крајот на минатата недела, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека иако има тренд на намалување, се уште се внимателни и будно ја следат ситуацијата.

– Има доволен капацитет слободни болнички кревети, се уште трае системот на ротација, координацијата во врска со приемите на пациенти помеѓу институциите, како во Скопје така и меѓу останатите болници и скопските, така што во таа смисла верувам дека трендот ќе продолжи, рече Филипче.

Тој посочи дека денешната бројка на новодијагностицирани е околу 300 но како што истакна тоа е секогаш случај во понеделник бидејќи во недела се прават помал број тестирања. Според Филипче утрешниот број би требало да даде јасна слика дали тренд на намалување на новодијагностицирани што беше и траеше во текот на изминатата недела ќе продолжи.

Поврзани новости