Филипче бара помош од ПР експерти

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче во последните неколку месеци упорно се обидува својот рејтинг да го поправи со помош на надворешни ПР експерти или ПР агенции, дознава НОВА. Откако во јавноста излегоа информации за скандалозните тендери, реакциите на тешко болните пациенти кои тврдат дека немаат лекови, по случајот со вакцинацините кои беа пред истек на рокот што ја вознемири јавноста, а особено откако се најде во анкетите на врвот на листата меѓу оние министри кои треба да бидат сменети, тој интензивно бара помош од ПР експерти.

НОВА уште пред повеќе месеци беше информирана дека ПР експерт ќе ги преземе работите во свои раце, со цел да му помогне на Филипче. Експертот објасни дека тоа го прави со намера да му помогне на министерот, а не за финансиски надоместок. После извесно време соработката прекина.

НОВА денеска упати прашање до Кабинетот на министерот Филипче дали досега користел и дали во моментот користи услуги од ПР експерт или агенција и доколку користи со кои финансиски средства го прави тоа. Од таму со одговор:

„Министерството за здравство нема, ниту имало договор со Агенција за односи со јавност“, се вели во краткиот одговор од ресорното Министерство.

Во Владата тврдат дека нема донесено одлука за забрана на експерти за комуникации, министерствата имаат право да ги ангажираат особено кога се работи за јавни кампањи.

Поврзани новости