Претседателот Пендаровски му се извини на Игор Јанушев

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку соопштение му се извини на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи за време на изборната кампања рекол дека против него СЈО има покренато обвинение, а станува збор за истрага во која Јанушев е осомничен, а не обвинет.

-Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски јавно се извинува на лицето Игор Јанушев, за изјавата дадена на предизборното соочување на кандидатите за Претседател, одржана на 26.04.2019 година на Македонската Радиотелевизија. Се работи за ненамерна непрецизност во изјавата бидејќи не станува збор за обвинение од СЈО за набавка на кинеските автобуси. Јанушев е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластување како што може да се види во последниот извештај на Специјалното јавно обвинителство кој беше доставен во  март, 2019 година до Собранието на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од  кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Поврзани новости