Сите граѓани кои се уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо, упати апел министерот за здравство Венко Филипче, преку својот Фејсбук профил објаснуваќи дека во повеќето земји се воведуваат ограничувања, за невакцинираните граѓани.
-Во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања, за невакцинираните граѓани. За влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување на вакцинален сертификат. Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои се уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо. Вакцините се безбедни и ефикасни, само масовната вакцинација може да стави крај на светската ковид пандемија, напиша Филипче.