„Вечер на ЕУ’’ на фестивалот „Охридско лето“

by Fokus

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската унија утре ќе биде домаќин на „Вечерта на ЕУ’’ на фестивалот „Охридско лето“.

 Настапот на реномираните словенечки музичари Ирена Графенауер (флејта) и Мате Бекавац (кларинет) ќе се одржи во црквата Света Софија, во 21.00 часот. Повеќе информации на http://ohridskoleto.com.mk/en/events/evening-of-the-european-union-bach-in-the-air-mate-bekavac-clarinet-irena-grafenauer-flute-slovenia/.

Делегацијата на ЕУ ја поддржува организацијата на „Вечер на ЕУ’’ на фестивалот „Охридско лето“ петнаесетта година по ред.

Таа го спонзорира учеството на бројни европски уметници на Фестивалот, со што се поттикнува меѓукултурната соработка и размена. „Вечерта на ЕУ’’ првпат беше организирана во 2007 година со извонредниот настап на Барокниот оркестар на ЕУ.

 

Поврзани новости