Филипче: Анкетен прашалник на ИЈЗ, одговорите ќе се користат за научни цели

by Fokus

Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за КОВИД-19, со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на корона вирусот, напиша денеска на својот фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.

Одговорите, посочува министерот, ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус.

Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина. Ова е некомерцијална студија и финансирана е од Светската здравствена организација, потенцира Филипче и го објави линкот до прашалникот:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdee7yN3qmmTNMSH0zHlO2F5ks-_UE46QUrukSHdtqxSCF8rA/viewform?fbclid=IwAR1X43vLWGMihtqwxTdmuCKswrCtgSLDeZAZfn_Xut-Pnl_lFGCbB-KMTvk 

Поврзани новости