Ќе се тестираат сите 11 милиони жители во Вухан

by Fokus

Три милиони луѓе се тестирани до крајот на април во кинескиот град Вухан, каде беше првото жариште на новиот корона вирус, а властите ќе настојуваат да ги тестираат сите 11 милиони жители, јави агенцијата Ксинхуа.

Приоритет се дава на граѓаните кои досега не биле тестирани, жителите на станбени блокови во кои имало позитивни на корона вирус, како и старите лица и жителите на густо населените населби, информира градската администрација.

Медицинските установи соопштија дека во текот на викендот е пронајдена инфекција во еден кластер на граѓани во Вухан и предупредува на можен втор бран на епидемијата.

Поврзани новости