Фијат Цаноски: ДУИ беа спремни и на моја ликвидација ако прогласевме победа во Струга во 2009-та!

by Fokus

Во ексклузивното интервју за неделникот „Фокус“, Фијат Цаноски ги објаснува случувањата за локалните избори во 2009 година, кога иако водеше во првиот круг во трката за градоначалник на Струга, сепак дојде до пресврт во вториот круг во корист на Рамиз Мерко.

Фијат ЦАНОСКИ: Тоа што се случуваше во тие 15-тина дена, повеќе личеше како да е воена состојба. Во Струга се појавија стотици непознати лица со странски, претежно косовски регистарски таблички. Во сите тие денови бевме следени и провоцирани на различни начини.

На денот на гласањето, во целата општина имаше доволно полициска заштита на сите избирачки места, но во 13 часот напладне наеднаш ги снема… До 13 часот според излезноста беше јасно дека победуваме, но откако полицијата се повлече, јасно ми беше дека свесно се прави кражба на тие избори.

На крајот на денот се виде дека, иако имавме историски преку 16.500 гласови, што никогаш ниту еден градоначалник не успеал да освои, Рамиз Мерко и ДУИ имаа 18.500 гласови.За ДУИ гласаше и живо и умрено, се гласаше со кредитни картички, еден човек гласаше десетпати. ВМРО и ДУИ се исмејуваа на нашите посматрачи, кои немаа сила да го спречат криминалот. Имавме и снимки, сведоци и докази. Залудно. ДУИ излезе уште во 17 часот да слави.

ФОКУС: Разбравте ли зошто дојде до такви пресврти во овој изборен процес за градоначалник на Струга?

Фијат ЦАНОСКИ: Подоцна разбрав дека пазарот бил со ДУИ за да го поддржат Иванов за претседател и да излезат нивните членови да гласаат со што би имале консензус. Веројатно има врска и Кичево, кое тогаш го доби ВМРО-ДПМНЕ, а не ДУИ.

За неколку години подоцна, кога ги слушавме аудиоразговорите, да видиме дека тие луѓе што биле со косовски регистарски таблички се истата банда од кумановско Диво насеље и биле подготвени дури и по цена на ликвидација на мене и на моите блиски, ако ние прогласиме победа уште истата вечер. Навистина се ежам кога ви го кажувам ова, но тоа е вистината.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости