795
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата владеjачка партија Фидес денеска целосно ги прекинаа врските со Европската народна партија, што се доживува како формалност по долгогодишните расправии околу основните вредности на Европската унија и владеењето на правото.
Во писмото објавено на Твитер од потпретседателот на унгарската владеачка партија, Каталин Новак, се вели дека Фидес повеќе не сака да биде членка на Европската народна партија и дека ќе излезе од конзервативното политичко семејство.
„Време е да се збогуваме”, напиша Новак.
Претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск, веднаш одговори: “Фидес ја напушти христијанската демократија. Всушност, тој замина пред многу години”.