Три хеликоптери го гасат пожарот кај Мачево

by fokus

Три хеликоптери (еден наш и два српски) се упатени кон беровското село Мачево каде ситуацијата со пожарот ескалира, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (пехчевско / делчевско / беровско) се додека има доволно дневна светлина“, напиша Ангелов на фејсбук.

Инаку, попладнево ситуацијата со пожарот нагло се влошила кај селата Робово и Мачево, каде поради ветрот дошло до брзо ширење на огнот по боровата шума.

Поврзани новости