Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора македонска фудбалска лига, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.
– Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани, објави попладнево ФФМ.
Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од коронавирусот, Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.
Во текот на денот и Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на сите натпреварувања што се под нејзини ингеренции.