ФФМ: Ќе бараме одложување на мечот со Косово!

by fokus

Покрај тоа што се стави забрана за публика на фудбалскиот меч Македонија-Косово на арената „Тодор Проески“, од ФФМ порачаа дека ќе достават допис до УЕФА за целосно одложување на дуелот.

„Со новонастанатата ситуација, ФФМ ќе испрати допис од УЕФА за да се одложи овој натпревар. Затоа што засегнати се и властите од Косово, каде има заболени од корона вирус. Од друга страна, Елмас, Пандев и Несторовски и да дојдат во Македонија, ќе мора да поминат 14 дена во изолација. И утре да дојдат, карантинот ќе им заврши на 25-ти март, а без ниту еден тренинг да излезат на Косово не е изводливо“, изјави за „Фокус“, портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Фото – ФФМ

Поврзани новости