Фетаи во завршен збор за „Монструм“: Шпекулација е дека жртвите се познавале со децата на Трајко Вељаноски

by fokus

Во завршниот збор на обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „Монструм“, таа најпрвин ги отфрли сите шпекулации, кои низ годините се појавија за петкратното убиство. Таа ја отфрли шпекулацијата дека возилото „опел омега“ било на „Алфите“, како и дека наводно жртвите биле убиени на друга локација.

Потоа се осврна на релевантноста на загрозениот сведок, потенцирајќи дека тој постои, и го виделе четворица обвинители од СЈО.

-Самите обвинители од СЈО имаа можност да го видат загрозениот сведок, а таква можност имаше и судечкиот судија. Тој постои и не е инструиран. Да беше инструиран ќе требаше да даде многу појасен исказ, со јасен опис на извршителите. Имаше нејаснотии, имаше празнини, а и помеша дел од обвинетите со лица кои не се меѓу обвинетите. Вакви работи немаше да има доколу бил научен од некого да зборува. Овој дел го потенцирам за да се демантира тврдењето на одбраната дека целот настан е монтиран, истакна обвинителката Фетаи.

Таа ја отфрли и шпекулацијата, која кружеше во јавноста, дека наводно жртвите се познавале со синот и ќерката на Трајко Вељаноски.

-Се шпекулираше дека имале честа дружба, и дека поради тоа биле ликвидирани. До овој момент ниту беше предложен доказ, но ниту имаше индиции дека децата се познавале со деца на функционери, и дека наводно имале нерасчистени сметки, поради кои наводно биле лишени од живот, истакна Фетаи.

Завршниот збор е во тек.

В.В.

 

 

 

Поврзани новости